+389 2 2700 801 | kobra_marjan@yahoo.com
previous arrow
next arrow
Slider

За нас

Кобра-Т е основана како 100% приватна сопственост од 1991 година. Воедно нашето работење повеќе од 26 години и константноста на пазарот се должи на постојаното унапредување од технолошки аспект, квалитетот, најдобрата цена и најбрзата изработка која доведувала до исполнувањето на сите Ваши побарубања.

Компанијата се занимава со дејности од областа на металургија, односно со трговија на големо и мало на лимови и со производство на градежна лимарија. Како крајни производи нуди ребровани кровни и фасадни лимови кои се работат на сопствени најсовремени производствени линии/машини (КТ-35; КТ-25; КТ-15,ламперија и Уна 25-ќерамида) и пропратната градежна лимарија (олуци, ветерлајсни, опшивки, снегобрани, итн.) која се изработува на најсовремени дигитални апканти. Истите производи се работат по димензии, бои и желби на купувачот. Водно вршиме и продажба на котури на големо.

Поседуваме со машински парк кој се состои од повеќе линиски машини со различна профилација, чија форма е специјално дизајнирана за поголема носивост на кровниот лим и исто така и дигиталени апканти кој дава голема прецизност на сите останати елементи од градежната лимарија кои ја дополнуваат естетиката на секој објект.

Долгогодишното присуство на пазарот е гаранција за квалитет и доверба која постојано ја нудиме.